Американскиот реномиран веб-портал The Aviationist, кој е специјализиран за обработка на теми од сферата на борбената/воената авијација, обрана внимание на „многу атрактивниот видеоматеријал“ кој прикажува низок прелет на руски ловци од петтата генерација Су-57 над Москва, а кој се појави на интернет. Првиот таков материјал беше објавен во јуни 2020 година за време на откривањето на споменикот на Херојот на Советскиот Сојуз, заслужниот пробен пилот на СССР, Игор Петрович Волк. Неговата биста е поставена во знаменитиот Жуковски. Друга слична презентација се појави во мај 2021 година на Парадата на Победата во Москва.
Авторот на текстот е опчинет од звукот со висока фреквенција што се слуша во текот на летот на овие авиони. Тајната на тоа специфично „крешендо“ се наоѓа во моторот на НПО „Сатурн“ АЛ-41Ф1, или како што се нарекува уште и мотор од прва етапа. Специјално за повеќенаменските ловци Су-57 е развиен нов мотор кој во стручната јавност се нарекува „Изделие 30“, кој сé уште не е влезен во фаза на сериско производство.
Според тврдењата на американскиот автор од веб-порталот The Aviationist, еден од проблемите со кои се соочуваат конструкторите на рускиот ловец е недоволно „стелтниот“ внес на воздухот, кој успешно е решен кај американските пандани F-22 Raptor и F-35 Lightning II. Ова „маана“ руските конструктори ја надминаа со интеграција на системот за блокирање на радарски сигнали (тнр. коаксијално-радијална решетка – заб. на прев.).
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче