Зловесно крешендо: Popular Mechanics импресиониран од звукот на руските Су-57

Евгениј Бијатов/Sputnik
Летот на четири руски ловци од петтата генерација Су-57 на мала висина им остави впечаток на новинарите.

Списанието Popular Mechanics го опишува видеозаписот од летот, објавено на „Јутјуб“, укажувајќи на „зловесниот продорен ѕвон“ што го придружува приближувањето на авионите. Тој звук е спореден со работата на мотор на вонземен брод!

„Новиот ловец кога се приближува испушта невообичаено висок звук на ѕвонење. Се претвора во зловесно крешендо кога авионите ќе навлезат во видното поле“, вака авторот ги опишува своите впечатоци.

Popular Mechanics истакнува дека ловецот Су-57 има способност да се бори против воздушни непријатели и да напаѓа копнени цели. Авионот е дизајниран така што непријателските радари тешко можат да го откријат од која било насока - вклучително и од задниот дел, пренесува „Росијскаја газета“.

Прочитајте повеќе: Ловците од петтата генерација Су-57 ќе носат хиперсонични ракети „Мал Кинжал“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња