Информацијата доаѓа од државната корпорација „Ростех“ како одговор на статијата во магазинот „Национален Интерес“ (The National Interest) во која се изразуваат сомнежи за можноста Су-57 да влезе во служба до 2027 година, пренесува ТАСС. Од „Ростех“ додаваат дека најновите авиони-ловци не му даваат мир на НАТО. Су-57 и Checkmate редовно се цел на информативни напади. Се објавуваат неверодостојни факти кои немаат никаква врска со реалноста, пишува „Росијскаја газета“.
Всушност, Су-57 се произведуваат и веќе се испорачуваат на воените единици. Првиот авион влезе во вооружувањето на ВКС на Русија минатата година. Во 2024 година армијата ќе добие 22 ловци, а до 2028 година нивниот број ќе се зголеми на 76.
Су-57 е повеќенаменски ловец од петтата генерација. Наменет е за уништување на сите видови воздушни, површински и копнени цели. Има суперсонична брзина на крстарење и најнова авионика.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче