Су-57 наспроти F-35: кој е подобар?

MOD Russia/Global Look Press; Public domain
Овие машини стануваат ремек-дела на 21 век и веќе ги докажаа своите придобивки во битките со терористичките сили во Сирија.

Двата авиони се дизајнирани да ги надминат најновите технологии за ПВО на нивните потенцијални непријатели и да победат во воздушна битка. Во првиот дел од текстот ќе опишеме какви потенцијали поседува рускиот ловец од петтата генерација Су-57.

Су-57

Су-57 забрзува до суперсонична брзина во режим без сила и ја одржува оваа брзина во текот на целиот лет.

„Тоj лета со брзина на крстарење од 1.6 маха, што значи околу 2.600 километри на час, во зависност од видот на локациите над кои лета. Моторите значително ќе ја подобрат рефлексивноста на Су-57, благодарение на употребата на нови композитни материјали“, вели за Russia Beyond Македонија Вадим Козјулин професор на Академијата за воени науки.

Компанијата „Сухој“ го заврши развојот на воздушниот радар и исто така ги елиминираше другите компликации во дизајнот на конструкцијата, која според експертот е најмодерна од сите авиони од петта генерација.

Најсовремениот авион мора да биде опремен со најдобро оружје. Така, покрај ракетите воздух-воздух и земја-земја, како и топ од 30 милиметри, леталото ќе добие и цел арсенал бомби што нема да се закачуваат под крилјата, туку ќе биде во трупот за да се минимизира радарската рефлексивност.

Покрај тоа, за време на сириската кампања, руските трупи тестираа дел од оружјето што ќе биде инсталирано на овие борбени авиони од петта генерација. Така, високоексплозивната запалив0-шрапнелна воздушна бомба ОФЗАБ-500 и термобаричната авијациска бомба ОДАБ-500PМВ во моментов се планирани за Су-57.

Во исто време, напредуваат тестовите на сите видови оружје за Су-57, а овие „јастреби“, кои ќе бидат вооружени до заби со најмодерно оружје, наскоро ќе влезат во служба во руските единици. До денес, Министерството за одбрана нарача 76 Су-57 за армијата.

Добрите и лошите страни на Су-57 во споредба со F-35

F-35B

„Со својот напреден аеродинамичен дизајн и можноста за контрола на векторот на потисок, Сухој им придава големо значење на суперсоничните крстосувачки можности и на суперманеврирањето. И концептот на F-35 има за цел да обезбеди напад пред непријателот да го открие леталото“, вели главниот конструктор на кинеската компанија Shenyang Research Institute of Aircraft Engineering Шејанг Ванг Јонгкинг, а пренесуваат руските медиуми. Тој додаде дека додека американските ракети летаат кон Су-57, тој ќе има доволно време да излезе. Во тоа ќе му помогне новиот радар, кој може да открие ракети со голем дострел.

Рускиот експерт за авијација Дмитриј Смирнов се согласи со својот кинески колега. Тој го потенцираше фактот дека во САД стелт технологијата постојано се менува и се намалува нејзината употреба во авијацијата, вклучувајќи го и F-35.

„За да имаме стелт технологија, треба да 'платиме' со влошување на летот и тактичките карактеристики на авионот, проследено со катастрофален пораст на неговата цена. F-35 чини 83-100 милиони евра! ​​Рускиот Су-57 чини 29-33 милиони “, забележа експертот.

Недостатоците на F-35 во споредба со Су-57 се ниско вооружување, ограничен дострел, подзвучна брзина на крстосување и најлошо од сè – ако се најде, тој е осуден на пропаст бидејќи не може да избегне напад. 

Сепак, американските експерти забележуваат дека главниот недостаток на Су-57 е неговата радарска видливост. Но, сè уште нема веродостојни информации за рефлектирачката површина на борбените авиони од петтата генерација, како што се F-35 и Су-57.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња