Апсолутно супериорен: Американски експерт за четирите предности на Су-57

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
Стручњак од САД ги истакнува главните предности на рускиот повеќенаменски ловец од петтата генерација Су-57.

Познатиот стручњак од САД Питер Сучиу во текстот за 19FortyFive веќе во насловот на статијата признава дека Су-57 е „подготвен за борба против секој авион“. Според него, леталото е потенцијално опасен противник на небото, бидејќи обединува четири важни фактори – слаба радарска видливост, брзина, современо  вооружување и најнова електроника.
 Благодарение на новите мотори, Су-57 во поглед на брзината е значително посупериорен во однос на Су-27.

Су-57 може да лета со брзина од два Маха без форсаж, се наведува во текстот.

Во изградбата на ловецот е користена таканаречена стелт-технологија, а леталото се одликува со суперманеварбилност и унапредена авионика.

Су-57 ги комбинира функциите на јуришник и ловец, а применетите композитни материјали, иновативните технологии и аеродинамичната конфигурација му обезбедуваат на ловецот низок степен на видливост. Композитните материјали му овозможија да се намали бројот на делови, како и тежината на леталото. Освен брзината и слабата радарска видливост, Су-57 е добро наоружан и е авион подготвен за борба, нагласува Питер Сучиу.

Ловецот има големи внатрешни отсеци во кои може да се смести современо ракетно вооружување. Авионот е снабден со најсовремена раедиоелектронска опрема, вклучувајќи моќен компјутер и напреден радарски систем.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња