Неговата статија е објавена на порталот 19Fortyfive.
Поранешното воено лице потсетува дека авионот, создаден од опитно-конструкторското биро „Сухој“, поседува голема функционалност. Може да уништува цели во воздух, на земја и во вода, пренесува РИА „Новости“.
Иствуд забележува дека американската Воена морнарица повеќе од кога било е загрижена поради противбродската ракета „Оникс“ (извозно име „Јахонт“). Су-35 може да ја добие нејзината авијациска верзија. Ловецот има способност да носи до 8 тони ракети и бомби од различни класи со ласерско и сателитско наведување.
Авионот од генерацијата 4 ++ развива брзина до 2500 км/ч. Покрај тоа, тој е опремен со модерна авионика, модифициран радар, а за време на летот се однесува „пргаво“ и маневарски, пишува Иствуд.
Конструкцијата на руските инженери им се допаѓа на многу земји, се вели во статијата. Египет веќе доби партија С-35 минатата година, и очекува уште 19 такви апарати. Турција, исто така, планира да купи вооружување доколку разговорите бидат успешни. Алжир планира да го стори истото, прецизира авторот.
Според Иствуд, Москва продава авиони-ловци на различни земји за да создаде мрежа на сојузници на Блискиот Исток. Така, Русија го менува балансот на силите во огромниот регион и формира цела „база на клиенти“ од држави кои сакаат да купат нејзини воено-индустриски производи. На фонот на овие настани, САД се повлекуваат од Авганистан и ја ослабуваат својата позиција на Блискиот Исток за да се фокусираат на борбата против Кина и Источна Азија, истакнува авторот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче