„Национален Интерес“: Извозот на С-400 ги вознемирува САД и НАТО

Михаил Мокрушин/РИА "Новости"
САД и НАТО се вознемирени поради извозот на руски противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф“. Тие дури и воведоа економски санкции против некои земји само поради купувањето на овие системи за противвоздушна одбрана. И покрај тоа, неколку држави, вклучително и Индија, покажуваат интерес за С-400.

За ова пишува изданието „Национален Интерес“. Авторот истакнува дека во Русија повторно се одржаа воени вежби со употреба на системот за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“. И забележува: противвоздушниот ракетен систем е наменет за уништување авиони, крстосувачки и балистички ракети. „Триумф“ е воведен во вооружувањето во 2007 година и е еден од најбараните борбени системи на Русија, пишува „Росијскаја газета“.

Изданието пишува дека С-400 е далеку супериорен во однос на својот претходник С-300. „Триумф“ е компатибилен со четири типа ракети, наменети за извршување широк спектар на задачи. Дострелот на ракетите е до 400 километри. Покрај тоа, овој систем за притиввоздушна одбрана може да работи во услови на непријателски интензивен оган и електронски пречки. С-400 дури е и дел од одбраната на Москва.

ПВО-системот С-400 се споредува со американскиот систем „Патриот“. Вториов, за разлика од „Триумф“, е опремен со специјализирани ракети-пресретнувачи на балистички ракети. Но, Русија веќе развива сличен пресретнувач и тоа многу ги вознемирува САД и НАТО, посочува изданието.

Прочитајте повеќе за IDEX-2021: Русите претставија лансирна единица на системот С-400 „Триумф“ со 8 ракети

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња