Според ТВ „Ѕвезда“ екипажите на противвоздушниот систем С-400 ја открија ракетата-мета „Кабан“. Операторите на системот „Триумф“ одработија следење на ракетата и успешно ја уништија целта на висина преку 15 километри, пишува „Росијскаја газета“.
По вежбите системите ќе бидат префрлени од Астрахањската област до местото на постојано базирање во Самарската област. Потоа техниката и екипажите на С-400 ќе стапат на боево дежурство за обезбедување на воздушниот простор.
Според прес-службата на Централниот воен округ (ЦВО), екипажите на Самарскиот полк за ПВО ги поминале доквалификациите во учебниот центар на противвоздушните ракетни сили во Ленинградската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче