IDEX-2021: Русите претставија лансирна единица на системот С-400 „Триумф“ со 8 ракети

Имено, транспортно-лансирната единица во стандардната конфигурација има четири ракети 48Н6 со дострел до 400 км. Меѓутоа, на макетата претставена на Меѓународниот военотехнички саем IDEX-2021 се гледа нов додаток со четири минијатурни контејнери (значи вкупно 8 ракети за едно лансирно возило). Претпоставката е дека се работи за ракети со среден дострел 9М96 кои претставуваат основни проектили на новиот руски ПВО-систем С-350 „Витез“.

Руските производители на оружје и воена техника на Меѓународниот военотехнички саем IDEX-2021 претставија навистина богата понуда. На еден од штандовите е претставена и макета на самоодното транспортно-лансирно возило кое се наоѓа во состав на ракетната батерија со долг дострел на ПВО/ПРО системот С-400 „Триумф“, а кој важи за најдобриот на светот.

И ништо не би било чудно доколку на возилото не беа забележани нови лансери. Имено, стандардната транспортно-лансирна единица има четири ракети 48Н6 со дострел до 400 км. Покрај овие четири транспортно-лансирни контејнери се гледа нов додаток од четири минијатурни контејнери (значи вкупно 8 за едно лансирно возило). Претпоставката е дека се работи за ракетите со среден дострел 9М96. Оваа ракета е еден од основните проектили на новиот руски ПВО-систем С-350 „Витез“. Една лансирна единица на ракетниот систем С-350 „Витез“ е вооружена со 12 ракети (9М100 и 9М96) со мал и среден дострел. Треба да се напомене дека руските конструктори за овој систем ја развија и ракетата 9М96Е2 која има двојно поголем дострел во далечина во однос на стандардните ракети. Нејзиниот максимален дострел достигнува 120 км.

Значи на овој начин руските конструктори се обидуваат да направат од тешкиот ракетен систем со голем дострел далеку „послоевит“ систем кој ќе може да се бори со манавербилни цели на средни, па и на кратки растојанија. Со вградување на дополнителни четири контејнери ќе се добие комплекс со двојно поголем број на ракети, што имплицира дека С-400 „Триумф“ ќе има многу поголема огнена моќ.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км.

Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км. Доколку ваквите модификации со новиот блок од четири ракети се усвојат, тогаш еден ракетен полк опремен со „Триумфи“ ќе има на располагање речиси 200 ракети подготвени за дејство.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња