Екипажите на противвоздушниот ракетен полк на Ленинградската армија за противвоздушна одбрана (ПВО) на Западниот воен округ (ЗВО) извршија боеви лансирања на противвоздушни наведувани ракети од систем С-400 „Триумф“ врз воздушни цели. Војниците гаѓаа во Астраханската област на полигонот „Ашулук“.
На почетокот единиците реализираа марш од Ленинградската област. Тие поминаа над 2000 километри, соопштува прес-службата на ЗВО. Во Астраханската област војската стапи на борбено дежурство за противвоздушна одбрана.
Борбените екипажи на противвоздушните ракетни дивизиони и командниот пункт на системите С-400 „Триумф“ одбија масовен ракетен воздушен напад- тие ги погодија ракетите-мети што имитираа средства за воздушен напад, пренесува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче