На полигоните Ашулук и Телембар во 2020 година гаѓање од „Триумф“ вежбаа десет противвоздухопловни полкови на руската војска од Владивосток, Новоросијск, Новосибирск, Севастопол и други места. На вежбите беа користени 51 мета, а истрелани 63 противвоздухопловни наведувани ракети, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на податоци од Министерството за одбрана на РФ.
Сите цели се погодени со првата ракета. Поголемиот број на противвоздухопловни наведувани ракети се објаснува со тоа што во 12 случаи целта повторно беше погодена со втората ракета, лансирана автоматски. Во реална борба врз важните цели се истрелуваат по три ракети, заради сигурност.
Системите за ПВО со среден и голем дострел С-400 се во состојба да ги пресретнат речиси сите воздушни цели, освен борбените блокови на интерконтиненталните балистички ракети, во пречник од 400 километри. Системот може да се интегрира во армиските системи на ПВО, со дополнителни модули радиусот на дејство се зголемува до 600 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче