„Сега сме во фаза на тестирање на пробните примероци. Тие се спроведуваат за да се потврди нивното соодветство со барањата на тактичко-техничката задача“, изјави за РИА „Новости“ генералниот конструктор на концернот Сергеј Ужумцев.
Претходно „Калашников“ го разви лесниот пушкомитралез РПК-16 со рамка за мунициjата. Врз основа на резултатите од тестирањата во војската Министерството за одбрана на Русија ги прецизираше барањата за оружјето и концернот по сопствена иницијатива создаде нов модел што користи муниција од реденик. Оружјето првпат беше демонстрирано на форумот „Армија 2020“, пренесува „Росијскаја газета“.
Митралезот е дизајниран за муниција со калибар 5,45х39 мм, додека други карактеристики не се откриваат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче