Најновиот митралез РПЛ-20 од сите агли (ВИДЕО)

Скриншот
Концернот „Калашников“ го претстави официјалното видео посветено на перспективниот митралез РПЛ-20. Овој новитет на снимката добро се гледа од различни агли.

Должината на митралезот варира од 1085 до 1145 милиметри во зависност од телескопскиот кундак, а цевката во основната варијанта е долга 590 мм. Додуша, кај РПЛ-20 е предвидена замена на цевката, така што таа може да биде подолга или пократка во зависност од условите на борба, т.е. од потребата да се отвора оган од голема далечина или од кратко растојание (на пример, во густо населена урбана средина). Замената на цевката овозможува отворање многу интензивен оган, кога оружјето почнува да се прегрева.

Овој рачен митралез има реденик, во кутијата за муниција собира 100 куршуми со калибар 5,45х39 (претходно за тој калибар не правеа реденици). Оружјето е тешко вкупно 5,5 килограми.

Тестирањето на митралезот РПЛ-20 е во тек. Се очекува дека ќе биде завршено во текот на оваа година.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња