АК-12
Сергеј Карпухин/TASS„Оружјето е создадено по сопствена иницијатива. АК-12СП се одликува со подобрена ергономија и комплет технички решенија кои ја зголемуваат ефикасноста на автоматот. Конструкцијата на елементите што ја обезбедуваат сигурноста на АК е непроменета“, изјавија за ТАСС од прес-службата холдингот.
Кундакот на АК-12СП е комплетиран со лесна преклопна подлога за образот - помага да се обезбеди оптимална положба на главата на стрелецот при гаѓање со оптички нишан. Покрај тоа, автоматот е приспособен за употреба како од десничари, така и од левучари - за таа цел е инсталиран двонасочен осигурувач на режимот на огнот, пишува „Росијскаја газета“.
Како дополнителна опција, оружјето може да биде опремено со „Пикатини“ шипка и M-Lok за закачување додатна опрема.
Автоматот АК-12СП беше претставен за прв пат на форумот „Армија 2021“. Масата на оружјето, без рамка и додатоци изнесува 3,6 кг, почетната брзина на куршумот е 900 м/с, а брзината на гаѓање е 700 куршуми во минута.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче