Во Русија претставен нов АК за специјалните единици

Автоматот АК-12 за специјалните единици на штандот на концернот „Калашников“ на изложбата на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2021“ во паркот „Патриот“.

Автоматот АК-12 за специјалните единици на штандот на концернот „Калашников“ на изложбата на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2021“ во паркот „Патриот“.

Сергеј Карпухин/TASS
Оружјето е направено специјално за тајни операции што се вршат ноќе и веќе се тестира во единиците на рускиот спецназ.

Концернот „Калашников“ направи нов автомат АК-12СП за специјалните единици. Новитетот беше претставен на јавноста кон крајот на август на воената изложба „Армија 2021“ во Подмосковје.

Во прашање е најновата модификација на платформата АК-12, која беше пуштена во работа уште во 2018 година. Во моментов, руската армија веќе има повеќе од 100000 автомати од оваа класа, но за ефикасно извршување на операциите на специјалните единици им беа потребни модификации кои сега сериски се интегрирани во конструкцијата на оружјето.

Најголемо внимание му е посветено на зголемувањето на можностите на спецназот за време на тајните операции што се изведуваат под закрила на ноќта.

Разлики меѓу класичниот АК-12 и верзијата за спецназот

АК-12СП има подобрени карактеристики на гаѓање во споредба со серискиот модел АК-12.

Автоматот за специјалните единици АК-12 на концернот „Калашников“ на изложбата на оружје на Меѓународниот военотехнички форум „Армија2021“, паркот „Патриот“, Кубинка.

Пред сé, новиот автомат има и нов кундак во снајперски стил, т.е. со посебна вдлабнатина за образот, со што се зголемува прецизноста на гаѓањето, што исто така помага во прилагодувањето на оружјето со голема оптика.

Оружјето е модифицирано за левораки и деснораки стрелци, бидејќи елементите за ракување, како што е осигурувачот, на пример, се дуплирани и се наоѓаат на двете страни.

АК-12СП има и нова шина на горната страна и целосно обновен преден дел на оружјето.

Во комплет со ова оружје сега се добиваат елементи неопходни за ноќно гаѓање - ласер, светилка и придушувач што е лесен за монтирање и симнување.

Како што соопшти производителот, внесени се низа измени во конструкцијата со цел оружјето да биде попрецизно, бидејќи тоа е една од најчесто критикуваните карактеристики на автоматот на концернот „Калашников“.

Што имаат заедничко овие два модела?

АК-12СП има ист пиштолски ракофат и во него сé што е потребно за расклопување на автоматот.

Автоматот за специјалните единици АК-12 на концернот „Калашников“ на изложбата на оружје на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2021“ во Конгресно-изложбениот центар „Патриот“,

Магацинот има проѕирна рамка низ која се гледа бројот на преостанати куршуми, но можат да се користат и стандардните рамки на автоматот АК-74.

Оружјето е долго 980 мм, а тешко 3,5 кг без муниција. АК-12СП ќе се прави за два калибра: 5,45x39 мм и 7,62x39 мм. Гасниот клип со долг од со ротирачки затворач е ист како и кај основниот модел.

Цевката и понатаму е долга 410 мм. На врвот на цевката има нов компензатор со кој може да се скрши стакло и да се пресече жица.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња