ВИДЕО: Крстосувачот „Маршал Устинов“ уништува условен непријателски брод во Баренцовото море

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“ и тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Петар Велики“ уништија условен морски десант во Баренцовото море.

Тоа беше изведено во рамките на маневрите во кои се вежбаше заштита на островската зона и морските брегови на Русија. Борбените екипажи на овие бродови изведоа гаѓање на морски цели со помош на ракетни системи „Гранит“ и „Вулкан“.