Магазинот „Национален Интерес“ објави своја ранг-листа на петте најопасни руски бродови.
Рускиот крстосувач „Петар Велики“ впловува во Санкт Петербург заради учество во парадата на бродовите посветена на Денот на Воената морнарица на Русија.
Лав Феодосеев/TASSВо овој момент тоа е најголемиот воен брод на светот (долг е 250 м, широт 25 м, висок 59 м) и единствен активен претставник на проектот 1144 „Орлан“. Должината на пловидба ми е неограничена.
Главната намена на таквите бродови е борба против непријателски носачи на авиони. Заради тоа „Петар Велики“ има 20 противбродски ракети со голем дострел П-700 „Гранит“ кои можат да носат и нуклеарна боева глава. Покрај тоа, бродот ги има моќните ракети „Кинжал“ и „Кортик“, како и два палубни хеликоптери и минско-торпедно вооружување.
Крстосувачот „Москва“
Министерство за одбрана на РФГлавниот брод на Црноморската флота (проект 1164 „Атлант“) е исто така наменет за борба против крупни цели на вода. Во арсеналот има 64 ракети на противвоздушниот систем С-300Ф, ракети на противвоздушниот систем со мал дострел „Оса-МА“, лансери на противбродскиот ракетен систем „Вулкан“, противбродски торпедни апарати и реактивни лансери, како и артилериски орудија со калибар 130 мм и 30 мм.
Корвета „Сообразитељни“
Elena Dunn/Global Look PressОва е првата сериска корвета од проектот 20380. Припаѓа на Балтичката флота. Во наредните децении бродовите од оваа класа ќе станат темел на Воената морнарица на Русија во поширокиот крајбрежен појас. Веќе ги има десет на број.
Специфични се по тоа што радарите ги откриваат потешко, како и според модуларниот принцип на комплетирање на вооружувањето и опремата. Авторот на статијата особено посветува внимание на противбродскиот систем „Пакет-НК“ кој лансира торпеда од различни видови.
Разурнувач „Настојчиви“
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressТоа е главниот брод на Балтичката флота, инаку 16 по ред разурнувач од проектот 956-А „Сарич“. Наоружан е со моќните противбродски ракети П-270 „Москит“, како и со противвоздушниот систем „Ураган-Торнадо“ (48 ракети).
Рускиот тежок носач на авиони „Адмирал Кузнецов“.
RIA NovostiВоената морнарица на Русија засега има само еден носач на авиони, но тој ѝ овозможува да ја проектира својата воена моќ во различни делови на светот, смета аналитичарот на магазино „Национален Интерес“.
„Адмирал Кузнецов“ може да носи група од 50 авиони и хеликоптери, а нивните комбинации можат да бидат многу различни во зависност од конкретните задачи. Темел на ударната моќ се ловците Су-33 и МиГ-29К, како и хеликоптерите Ка-27 и Ка-29.
Овој брод има и моќно ракетно вооружување, поради што истовремено се третира и како носач на авиони и како крстосувач. Ги има веќе споменатите ракетни системи „Гранит“, „Кортик“ и „Кинжал“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче