Русите покажаа оклопен автомобил К-4386 „Тајфун-ВДВ“ спакуван за падобрански десант (ФОТО)

Слободан Ѓукиќ
Станува збор за оклопно возило кое првенствено е наменето за опремување на вoздушно-десантните единици на руската армија. Самото возило претставува повеќенаменска платформа на тркала која може да се употреби за изработка на голем број различни варијанти и модификации, што обезбедува негова прилагодливост на сложените барања на бојното поле на 21 век. Оклопниот автомобил К-4386 „Тајфун ВДВ“ има одлични маневарски карактеристики, како и добра оклопна заштита.

На Меѓународниот военотехнички саем „Армија 2021“ беше претставен оклопен автомобил К-4386 „Тајфун ВДВ“, кој е целосно подготвен за сместување во воен транспортен авион Ил-76 и реализација на воздушен десант.

Станува збор за оклопно возило кое првенствено е наменето за опремување на воздушно-десантните единици на руската армија. Самото возило претставува повеќенаменска платформа на тркала која може да се употреби за изработка на голем број различни варијанти и модификации, што обезбедува негова прилагодливост на сложените барања на бојното поле на 21 век. Оклопниот автомобил К-4386 „Тајфун ВДВ“ има одлични маневарски карактеристики, како и солиден оклоп. Неговата максимална тежина достигнува 14 тони, а благодарение на моторот од 350 коњски сили, може да развие брзина од 100 километри на час и да помине 1200 километри со полн резервоар.

Врз основа на ова возило, рускиот воено-индустриски комплекс реализира самоодна варијанта за огнена поддршка со ознака 2С41 „Дрок“. Се работи за средство кое ќе има способност да уништува непријателски цели на далечина до 6000 метри. Максималното темпо на гаѓање од орудието со калибар 82 мм ќе биде 12 проектили во минута. Борбениот комплет во возилото ќе изнесува 40 гранати. Екипажот ќе се состои од четворица војници, а вкупната маса на возилото 2С41 „Дрок“ ќе изнесува 14000 килограми. Возилото ќе биде вооружено и со еден митралез со калибар 7,62 мм, со кој ќе се управува од возилото (далечински управувана борбена станица - ДУБС). Покрај модерниот систем за управување со огнот, ќе има и систем за попречување на нишанџиите на противничките противтенковски ракетни системи, со што ќе се зголеми степенот на негово борбено преживување на фронтот. Се претпоставува дека во многу блиска иднина првите модели комплетирани возила 2С41 „Дрок“ ќе  го најдат своето место во воздушно-десантните баталјони на руската армија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња