За време на полнењето гориво, не постои можност за маневри - за таа операција е потребна прецизност и апсолутна координација на дејствијата на двата екипажи: на воздушниот танкер и леталото што го зема горивото од него. Претставете си дека на надморска височина од 5 километри и со брзина од 500 км/час со цевката за полнење треба да нацелите во конус со големина на кофа што се ниша, а потоа да ги одржувате истата брзина, курсот и висината со танкерот до крајот на полнењето, пишува „Росијскаја газета“.
Од друга страна, кога тоа ќе биде завршено, ловците и бомбардерите можат да му се заблагодарат на екипажот на Ил-78 изведувајќи „буриња“ и превртувања.
„Тоа е таканареченото „хулиганско“ оддалечување од танкерот. А тоа што го гледате сега не го виделе 99% од жителите на планетата, па дури и 90% од екипажите. Оваа глетка е достапна само за екипажите на танкерите и фронтовската авијација“, објаснува Fighterbomber.
На 10 август 203-от авијациски полк ја одбележа својата 80-годишнина. Формиран на почетокот на Втората светска војна како полк на стратешки бомбардери, го започна своето борбен пат со бомбардирањето на Берлин, учествува во битките кај Курск и Сталинград (во близина на Курск полкот ја користи најмоќната бомба во светот во тоа време - ФАБ-5000), потоа помага во ослободувањето на Ленинград и јуришот на Кенигсберг (денешен Калининград). Гардистите се борат во Авганистан и се незаменливи учесници во воздушните паради во чест на Денот на Победата. Полкот е базиран во близина на Рјазан во воздухопловната база „Дјагилево“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче