Колку борбени авиони во моментов може да употреби руската армија?

Министерство за одбрана на РФ
Новинската агенција ТАСС, врз основа на информации од достапни извори, како и од сопствено истражување, дојде до реална бројка која ја отсликува силата на руските Воздушно-космички сили.

При утврдувањето на оваа бројка оваа медиумска куќа се консултираше со откриени извори кои ги спореди со сопствените истражувања. Врз основа на овие податоци, руските ВКС имаат преку 800 борбени авиони од типот Су-27, Су-30, Су-33, Су-35, МиГ-29, МиГ-31 со своите модификации, околу 200 ударни авиони Су-34, Су-24М и повеќе од 200 јуришници Су-25. Има уште околу 150 школско-борбени авиони Јак-130 и други. Што се однесува до стратешката авијација, ВКС располага со 70 стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-160 и над 40 далекуметни бомбардери Ту-22М3, пренесува интернет-порталот Лента.ру.

Во моментов Воздушно-космичките сили располагаат со повеќе од 1800 авиони, соопшти рускиот интернет-портал ТАСС.

Покрај борбената авијација во рамките на ВКС, имаме и околу 400 воено-транспортни авиони и авиони-танкери Ил-78 и повеќе од 20 воздухоплови за радарско откривање и командување А-50 и А-50У.

Рускиот воен експерт Антон Лавров неодамна даде изјава во врска со намерата на Украина да набави школско-борбени авиони А-29 Super Tucano во Бразил. Тој ја окарактеризира оваа намера како грешка, затоа што во модерните војни, за борбени задачи во кои би учествувал A -29 Super Tucano, би се користеле беспилотни летала.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња