Кој светски рекорд го срушија руските суперсонични бомбардери Ту-160 „Бел Лебед“?

Marsonline (bog-rata.com)
Како што прецизираат од руското Министерство за одбрана, маршрутата на летот на два стратешки ракетоносци Ту-160 е реализирана над водите на Северниот Леден океан, Тихиот океан, Карското, Источно-Сибирското, Чукотското и Баренцовото море. Авионите полетаа од воздухопловната база Енгелс. Командири на екипажите на леталата беа генерал-мајор Олег Пчела и потполковник Сергеj Волковицки.

Суперсонични стратешки бомбардери на руската армија Ту-160 поставија во саботата, 19 септември, нов светски рекорд и тоа во две категории – во далечина на летот и во должина на непрекинат временски период во воздух без слетување. Ова на руските новинари им го соопшти командантот на стратешкиот сегмент на Воздушно-космичките сили на руската армија, генерал-потполковник Сергеј Кобиљаш, пренесува рускиот веб-портал ТАСС.

„Денеска е поставен нов светски рекорд кога е во прашање далечината на летот и бројот на часови непрекинато поминати во воздух на суперсоничен стратешки бомбардер Ту-160. Пилотите на Воздушно-космичките сили непрекинато се наоѓаа во воздух повеќе од 25 часа, при што прелетаа повеќе од 20 илјади километри“, истакна Кобиљаш. Тој додаде дека досега никој не летал подалеку кога се во прашање авиони од оваа категорија.

Претходниот рекорд, кој исто така беше поставен со стратешки бомбардер Ту-160, изнесуваше 24 часа и 24 минути непрекинат лет. Овој рекорд беше остварен во 2010 година.

Како што прецизираат од руското Министерство за одбрана, маршрутата на летот на два стратешки ракетоносци Ту-160 е реализирана над водите на Северниот Леден океан, Тихиот океан, Карското, Источно-Сибирското, Чукотското и Баренцовото море. Авионите полетаа од воздухопловната база Енгелс. Командири на екипажите на леталата беа генерал-мајор Олег Пчела и потполковник Сергеj Волковицки.

Од министерството напоменуваат дека во текот на соборувањето на овој рекорд се ангажирани и летечки танкери за дополнување гориво во воздух. Во мисијата за уривање на рекордот се ангажирани шест авио-танкери Ил-78. „На одделни етапи на летот бомбардерите ги следеа повеќенаменски борбени авиони Су-35С, како и борбени летала на странски армии“, нагласуваат од руското Министерство за одбрана.

Ту-160 спаѓа во најголемите летала во историјата на воената авијација. Се работи за суперсоничен бомбардер кој има променлива геометрија на крилото. Според својата тежина спаѓа во најтешките авиони на светот. Неговата максимална полетна маса достигнува 275 тони, додека капацитетот на неговите спремници за бомби во внатрешноста на трупот достигнува дури 45 тони убоен товар. Колку за споредба, американските стратешки бомбардери во својот труп можат да понесат меѓу 22,7 тони (B-52) – 34,0 тони (B-1B).  B-2 „Spirit“ има капацитет на внатрешните спремници до 27 тони убоен товар. И покрај тоа, Ту-160 може да достигна максимална брзина на летот од 2230 км/ч и да се искачи на висина од 21000 метри.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња