Стратешката авијација на ЈВО на руската војска изведе дневно и ноќно полнење гориво во воздух(ВИДЕО)

Полнењето гориво во воздух претставува еден од најсложените елементи на обуката за летање, особено кога растојанието меѓу воздухопловите изнесува помалку од 30 метри.

Екипажите на авионите-танкери Ил-78 на стратешката авијација реализираа полнење во воздух на ловците и бомбардерите на формациите на Военото воздухопловство и ПВО на Јужниот воен округ на руската војска.

Авионите полетаа од различни аеродроми на кои се базирани. Притоа полнењето гориво секој пат е вршено на висина од преку пет илјади километри и при брзина на летање од околу 600 километри на час. Главна потешкотија претставуваше фактот што растојанието меѓу авионите во тој момент требаше да биде помало од 30 метри.

Во текот на траењето на вежбите за полнење гориво ноќе пилотите имаа помош во вид на дополнително осветлување, поставено како на авионот-цистерна, така и на леталото што се полнеше. Полнењето гориво на авион во воздух претставува еден од најсложените елементи на обуката за летање, но затоа дава можност за зголемување на радиусот на борбеното дејство и извршување на задачи на голема оддалеченост од местото на главното базирање.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња