„Национален Интерес“: Најдобриот руски авион-ловец

Су-35С

Су-35С

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Благодарение на модернизацијата, повеќенаменскиот суперманеварбилен ловец Су-35С може да се карактеризира како најдобриот руски авион-ловец за воспоставување доминација во воздухот, во чие создавање не е користена технологија за намалена видливост. Се одликува со универзалност и рентабилност.

До таков заклучок доаѓа аналитичарот на весникот „Национален Интерес“ Марк Епископос. Тој го споменува и претходниот модел Су-27, кој со темелната модернизација доби нови мотори, авионика и подобрена аеродинамика. Првиот лет на показниот авион Су-35 беше изведен во 2008 година.

Марк Епископос ги анализира основните карактеристики на моделот Су-35С и посочува дека овој ловец надминува многу авиони од истиот ранг, т.е. од четвртата генерација, па дури и американскиот F-22 Raptor, кој веќе припаѓа на петтата генерација, бидејќи рускиот авион има огромна борбена носивост и „невообичаено флексибилен комплет вооружување“.

Аналитичарот нагласува дека борбената носивост на Су-35С изнесува 8000 килограми. Товарот може да се распореди на 12 носачи. Благодарение на авионскиот топ со калибар 30 мм и разните наведувани и ненаведувани проектили, ракетите од класите „воздух-земја“ и „воздух-воздух“ со долг, среден и краток, авионот може успешно да изведува напади од воздух врз сите цели.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња