Илон Маск призна дека е инспириран од руските достигнувања

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Основачот и сопственик на вселенската компанија SpaceX Илон Маск изјави дека во создавањето на ракетниот мотор „Раптор“ (Raptor), меѓу другото, го инспирираат и руските проекти.

Во интервјуто за сајтот Everyday Astronaut Маск рече дека поминува многу време во проучување на конструкцијата на руските ракетни мотори, затоа што во Русија веќе долго време ги прават. „Постојат одлични руски мотори“, го цитира агенцијата РИА „Новости“.

Според Маск, во однос на постојните руски проекти, подобрувањата во неговиот мотор се минимални.

„Раптор“ е ракетен мотор на течен погон со затворен циклус, кој како гориво користи течен метан и течен кислород. Маск планира да го користи на вселенскиот брод „Старшип“ (Starship).