„Тесла“ во Русија и заветите на Циолковски: Илон Маск кажа како го гледа општеството на иднината

Global Look Press/Keystone Press Agency
А исто така потсети и зошто се нарекува себеси вонземјанин.

Директорот на компаниите „СпејсЕкс“ и „Тесла“ Илон Маск учествуваше преку видеоврска во рускиот маратон „Ново знаење“. На американскиот претприемач збору му даде портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Одговарајќи на прашањето за иднината на човештвото, Маск се пошегува дека токму тој ја создава иднината. Според него, тешко е да се предвиди далечната иднина, но очигледно е дека нè очекува напредок во технологиите, вклучувајќи ги и вселенските.

„Понекогаш умеам да се пошегувам. И кога ќе ме прашаат: „Да не сте вонземјанин?“, јас велам: „Зарем тоа не е очигледно?“, објасни Маск, потсетувајќи дека се занимава со најнапредни вселенски технологии.

Илон Маск ја коментираше и функцијата на Меѓународната вселенска станица. Според него, таа има важна задача, но нејзините можности треба да се надминат. „Следниот логичен чекор ќе биде создавање база на Месечината, град на Марс“, смета Маск. Тој до надополни одговорот со цитат на рускиот научник Константин Циолковски: „Земјата е лулката на човештвото, но не може вечно да се живее во лулка“.

„Бидете оптимисти. Борете се за таа прекрасна иднина“, ги повика тој младите слушатели.

Зборувајќи за неколку „копнени“ планови, Маск соопшти дека ја разгледува можноста за изградба на фабрика за склопување електрични автомобили во Русија. „Мислам дека наскоро ќе бидеме присутни и во Русија, дека „Тесла“ ќе биде во Русија“, рече претприемачот.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња