Рускиот Су-34 излегува на меѓународниот пазар

Вадим Савицки/Global Look Press
Фронтовскиот бомбардер Су-34 веќе е достапен и за странските купувачи, а првите испораки можат да почна во 2023 година.

„Рособоронекспорт“ веќе води преддоговорни активности, нудејќи го бомбардерот во земјите на Африка и Азиско-тихоокеанскиот регион. Ова го соопшти генералниот директор на компанијата Александар Михеев за време на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2021, пренесува „Росијскаја газета“.

Според Михеев, веќе има голем интерес за авионот. За тоа помогнаа и успешните дејствија на руските ВКС и поконкретно на Су-34 за време на антитерористичките операции во Сирија.

Патем, во Жуковски, директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија Дмитриј Шугаев соопшти дека пет земји веќе покажале интерес за Су-34.

Су-34 е мултифункционален суперсоничен ловец-бомбардер. Припаѓа на генерацијата 4++. При неговиот развој е користена аеродинамична шема, која ги зголемува неговите маневарски способности. Може да дејствува во кое било време од денот и во сите временски услови.

Прочитајте повеќе: Објавена снимка од симулиран напад на руски бомбардер Су-34 на аеродром

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња