Рускиот Су-34 ја менува „професијата“

Министерство за одбрана на Русија/Twitter.com
Рускиот ловец-бомбардер Су-34 добива ракети „воздух-воздух“ за воздушна борба против други летала.

Авионот предвиден за уништување цели на копни и море ќе добие ракети „воздух-воздух“ за самоодбрана, пишува весникот „Известија“. Со помош на тие ракети ќе може да води воздушна борба со други авиони.

Како што истакнува поранешниот командант на 4 армија на Военото воздухопловство и противвоздушна одбрана, генерал-потполковник Валериј Горбенко, Су-34 нема да врши функции на ПВО, но ќе може да сам да се одбрани при извршување борбени задачи.

„Су-34 има одлични маневарски можности, може да ги изведува сите потребни свртувања во воздух, па дури и да се бори против други авиони“, рече експертот.

На тој начин генералот го прокоментира ноќниот лет во долните слоеви на стратосферата што во септември го изведоа Су-34 од авионската дивизија на Централниот воен округ распоредени во Челјабинската област.

Во јануари весникот „Известија“ соопшти дека Возздушно-космичките сили на Русија ќе добијат суперсонични ловци-бомбардери Су-34 со индекс НВО („Нови можности), модифицирани врз основа на борбеното искуство во Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња