Магазинот „Национален Интерес“ објави статија „Рускиот ловец-бомбардер Су-34 е легенда поради една едноставна причина“. Авторот Кејлеб Ларсон не сака да ги мачи читателите со долг предговор, туку веднаш ја објаснува причината со следниве зборови: „Тој авион може лесно и едноставно да ја стигне својата цел практично во секое место и во секое време“.
Според мислењето на американскиот аналитичар, Су-34 спаѓа меѓу најдобрите ловци-бомбардери.
Ларсон ги набројува предностите на ова летало, почнувајќи од големата и пространа кабина. Пилотот може целосно да се исправи во неа. Покрај тоа, кабината има тоалет и мини-кујна.
Кабината е направена во вид на оклопена капсула со оплата од титаниум, така што е заштитена од стрелечко оружје и противвоздушен оган. И останатите сегменти на авионот се оклопени.
Покрај 12 точки за закачување различни бомби и ракети, Су-34 има и топ калибар 30 милиметри за јуриш на копнени цели.
Авторот ја истакнува уникатната конструкција на овој авион. Поради карактеристичниот облик на трупот Су-34 го доби називот „Пајче“.
Како бомбардер Су-34 има голема борбена носивост и голем долет, а истовремено и големи маневарски можности својствени за авионите-ловци. Тоа е делумно поврзано со конструкцијата која е направена по схема на надолжен трокрилец.
Една од најупадливите особености на авионот Су-34 е карактеристичниот конус на опашката. Во него се наоѓаат падобранот за кочење, помошниот мотор, резервното гориво и системот што ги исфрла средствата за противелектронска борба, со што авионот се штити од ракетни напади.
На крајот на статијата Кејлеб Ларсон изведува заклучок дека Су-34, и покрај тоа што не е направен според „стелт“ технологија, стана еден од најефикасните авиони на својата генерација, како и дека во скора иднина и понатаму ќе биде на цена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче