Телевизискиот канал „Ѕвезда“ го покажа овој процес на сите можни начини: однадвор од сите агли, на забавена снимка, преку отворот на „Армата“ и од тенкот-мета. Со цел тенкот да биде подготвен за борба, беа доволни неколку допири на екранот на допир, за време на гаѓањето тој малку се заниша (малку вода се истури од чашата во рацете на новинарите), а кумулативниот проектил проби дупка во оклопниот фронтален дел на Т-64.
Новинарите можеа да бидат внатре во Т-14 само за време на „загревањето“, односно испукувањето на стандардниот кумулативен проектил. Инаку, за „Армата“ е предвидена цела серија нова муниција со зголемена моќност, но таа не им се покажува на неовластени лица дури ни за празник. Траекторијата на летот на гранатата ја скенираше доплерски радар и ја снимаше високобрзинска камера. Испитувачите особено ги интересира моментот кога проектилот ја напушта цевката и моментот на контакт со целта. Тестирањето на гаѓањето на секој нов тенк трае околу три месеци.
Во внатрешноста на блиндираната капсула на Т-14 просторот е неочекувано комотен: три лица можат да седат без да се допираат едни со други. Подготовката за гаѓање потсетува на бирање телефонски број: неколку допири на екранот и некаде во позадина моќен уред ги вметнува гранатата и барутното полнење, а потоа ја насочува цевката долга седум метри кон целта. Оваа работа не се слуша во кабината, туку само рамномерното зуење на клима-уредот, кој под оклопот овозможува освежување од јулската жега. Во моментот на истрелување на гранатата екипажот во капсулата лесно се залула и тоа беше сè.
38-от Научноистражувачки институт за оклопно вооружување и техника им издава на конструкторските бироа технички задачи за нови модели на оклопна техника и нивно вооружување, а потоа ги тестира пробните модели создадени од индустријата. Тенкот „Армата“ ги минува државните тестирања на полигонот Кубинка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче