Стари, ама опасни: Американските медиуми обрнуваат внимание на руските ракетоносни бомбардери

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Сите руски бомбардери се направени уште во СССР, но и денес се опасни благодарение на модернизацијата и современото вооружување.

Американскиот весник „Национален Интерес“ направи список на руските стратешки бомбардери – носачи на ракети. Прв на списокот е тешкиот стратешки бомбардер Ту-95. Направен е во текот на 1950-тите. Има исклучително силни, но бучни мотори. Овој авион не може да се вброи меѓу тешко забележливите, но неговата предност е во тоа што може да носи огромен полезен товар. Работниот век на авионот со модернизацијата е продолжен до 2040-тите.

Следниот во низата е суперсоничниот ракетен бомбардер Ту-22М. Има променлива геометрија на крилата, така што е лесен за управување дури и при многу мали брзини. Ту-22М носи прилична количина бомби и развива брзина од 1,88 Мах. На опашката има двоцевен топ со калибар 23 мм на далечинско управување.

За суперсоничниот стратешки ракетоносен бомбардер Ту-160, познат како „Белиот лебед“, американскиот весник вели дека станува збор за вистински ѕвер кој соборил неколку светски рекорди. Ту-160 е најтешкиот бомбардер, може да носи 40 тони полезен товар, применува високопрецизни крстосувачки ракети со нуклеарни боеви глави и брзо достигнува максимална брзина од 2,2 Мах.

Авторот на статијата изведува заклучок дека многу руски ракетоносни бомбардери се стара техника, направена уште во Советскиот Сојуз, но сепак сé уште се исклучително смртоносни и опасни.