Новиот компресор и лопатките на турбините со оптимизирана геометрија, како и нивното подобрено ладење ја зголемија ефикасноста на потрошувачка на гориво на двопроточниот турбомлазен мотор, кој може да работи во режим со дополнително согорување, се наведува во текстот. Ту-160М е единствениот руски претставник кој се најде на оваа ранг-листа.
Модернизираниот бомбардер со унапредени мотори првпат полета на 3 ноември во Казањ. Двочасовниот пробен лет беше изведен на висина од шест километри. Во текот на испитувањата беше оценета не само работата на погонскиот систем, туку и на останатите системи на авионот, како и новата радиоелектронска опрема. Летот помина без проблеми и забелешки.
Според податоците од достапните извори, економичните мотори го зголемиле дометот на дејство на авионот за илјада километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче