Во САД објаснија зошто застарените стратешки бомбардери Ту-95 се и понатаму многу опасни

Без оглед на старомодниот дизајн, стратешкиот бомбардер Ту-95 „Мечка“ континуирано се модернизира (верзии МС/МСМ) и претставува основа на руската нуклеарна тријада. Современата верзија на ова летало е во состојба да носи и употреби крстосувачки ракети со голем дострел Х-101. Една од главните карактеристики на ова оружје е што може да се изведе промена на гаѓаната цел и по лансирањето на оваа ракета.

Неодамнешниот петчасовен лет на два стратешки бомбардери Ту-95 од составот на ВКС на руската армија над Црното Море уште еднаш ги демонстрираше сите предности на овие авиони да поминат огромно растојание додека носат значителна количина убојни средства.

Без оглед на старомодниот дизајн, стратешкиот бомбардер Ту-95 „Мечка“ континуирано се модернизира (верзии МС/МСМ – заб. на прев.) и претставува основа на руската нуклеарна тријада, пишува американскиот веб-портал 1945. Тој е значително помлад од американските бомбардери Б-52 со оглед на тоа дека основната верзија на советскиот бомбардер не беше погодна за модернизација, по што неговото производство беше рестартирано 1981 година.

Современата верзија на ова летало е во состојба да носи и употреби крстосувачки ракети со голем дострел Х-101. Една од главните карактеристики на ова оружје е што може да се изведе промена на гаѓаната цел и по лансирањето на оваа ракета, пренесува веб-порталот РГ.

Х-101/Х-102 е крстосувачка ракета од класата „воздух-воздух“, направена од специјалистите на конструкторското биро „Радуга“ со цел замена на постојните советски ракети Х-55. Проектот за развој на оваа ракета започна во 90-тите години на минатиот век. Нејзините први тестирања започнаа 1998 година, а сериското производство четири години подоцна. Сепак, ракетата не влезе во арсеналот на руската армија сé до 2012 година.

Ракетата се произведува во две варијанти. Х-101, која е опремена со конвенционална фрагментарно-разорна боева глава еквивалентна на 400 килограми ТНТ и Х-102, која може да носи термонуклеарна боева глава со моќност од 0,25-1,0 мегатони. За време на нивниот лет овие ракети можат многу тешко да се откријат бидејќи се движат на многу мала висина, а и нивниот корпус се состои од композитни материјали со намалена рефлексија.

Благодарение на совршениот систем за навигација, овие ракети се карактеризираат како многу прецизно оружје. Британскиот специјализиран военоаналитички медиум Jane’s Information Group смета дека веројатно отклонување на конвенционалната ракета Х-101 е до 20 метри, а на нуклеарната Х-102 само 100 метри, што и во двата случаи претставува незначителна грешка со оглед на моќноста на нејзината боева глава. Ефективни дострел на ракетата се проценува на 5500 км.

Руските „Мечки“ често ги изведуваат своите летови над неутралните води на Арктикот, Северниот Леден океан, Тихиот океан, а исто така можеме да ги видиме и над водите на Баренцовото и Црното Море.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња