Огнениот контакт со противникот се одвива во внатрешното пристаниште на главната поморска база на Балтичката флота, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
Борците на ПДСС - одредите за борба против подводни диверзантски сили и средства – ја прифаќаат борбата без оглед на бројот на диверзанти кои навлегоа на територијата на базата.
„Едноставен, но многу ефикасен начин за борба против подводни диверзанти е гранатата РГД-5. Хидродинамичниот удар на подводната експлозија практично гарантирано ќе го исфрли од строј секој непријател“, потенцира дописникот на „Ѕвезда“ Максим Румјанцев од местото на настанот.
Секој нуркач мора да биде специјалист. Под вода тој се соочува со најопасниот непријател - тој мора да биде подобар, посилен и побрз од кој било подводен диверзант.
„Тренирајте постојано! Постојано подобрувајте ја вашата обука. Оти не треба да го потценувате непријателот, зашто и противникот е обучен и подготвен, тоа е опасно и многу тешко“, вели борбениот нуркач Евгениј.
Специјалното оружје на воените нуркачи се автоматот и пиштолот за подводно гаѓање.
„Треба да ги користите токму најефективните техники - симнување на маската, нуркање, прободување со нож на ранливи места“, вели борбениот нуркач Алексеј.
Заштитата на приодите кон военото пристаниште од морето, вклучително и под вода, е една од главните задачи на единиците на ПДСС. Сè што прават овие борци, нивната тактика, специјалната опрема, дури и нивните имиња - сите детали поврзани не само со службата, туку и со нивниот приватен живот, остануваат класифицирани со години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче