Сириски и руски командоси „ликвидираа“ група непријателски диверзанти во водите кај Тартус (ВИДЕО)

Скриншот „ТВ Ѕвезда“
Оваа активност овозможи увид во квалитетот на содејството меѓу противдиверзантски групи на руската и сириската армија, особено кога се работи за обезбедување на стратешки важното пристаниште Тартус. Руската воено-поморска база обезбедува постојано присуство на руски борбени бродови во овој регион и е гарант на безбедноста во акваторијата на источниот Медитеран.

Во акваторијата на руската воено-поморска база Тартус во Средоземното море е реализирана воена вежба на воените морнарици на Русија и Сириската Арапска Република, пренесува веб-порталот „Ѕвезда“. Основната цел на овие вежби беше ликвидирање на диверзантска активност, поточно одбрана на стратешки важните точки во пристаништето, кои според сценариото на вежбата требаше да го минираат непријателски диверзанти со импровизирани  минско-експлозивни средства.

Во вежбата беа ангажирани интервентни групи за противдиверзантски дејства, како и нивните специјални средства. Во спецоперацијата се вклучи брзиот патролен чамец „Раптор“ во кој се наоѓаше противдиверзантска група на борбени нуркачи. Овие единици имаа задача да ја пребараат пошироката акваторија околу воената база и да ги пронајдат непријателските диверзанти. По борбениот контакт со непријателските диверзанти дојде до размена на оган. Притоа беа ликвидирани двајца диверзанти, додека останатите двајца беа достасани и заробени, а потоа префрлени на палубата на брзиот патролен чамец „Раптор“.

Во акцијата притоа беше вклучен и рускиот противмински брод „Иван Антонов“  кој имаше задача да детектира подводни и пловечки мини и да го расчисти патот за впловување на тегначот на противдиверзантскиот чамец „Кинел“ и патролните чамци „Раптор“. Една од детектираните мини беше успешно активирана, а другата онеспособена со дејство од тежок митралез „Утјос“.

„Многу е важно да се земе предвид интензитетот на морските бранови, брзината на пловилото и правецот на ветрот“, ја објаснува сложеноста на својата работа морнарот-стрелец на миноловецот „Иван Антонов“ Николај Иванченко.

Оваа вежба овозможи уште подобра координација меѓу војниците на руската и сириската армија, особено кога се работи за обезбедување на стратешки важното пристаниште Тартус. Руската воено-поморска база обезбедува постојано присуство на руски борбени бродови во овој регион и е гарант на безбедноста во акваторијата на источниот Медитеран.

„Денес е реализирана заедничка воена вежба меѓу воените морнарици на Сириската Арапска Република и Руската Федерација. Во рамките на сценариото се вежбани елементи кои се дел од севкупната одбрана на пунктот на базирање Тартус“, ја коментира оваа вежба началникот на пунктот на базирање Тартус Вјачеслав Радионов.

Притоа беа успешно решени сите задачи кои беа планирани во оваа вежба. Сите единици кои се наоѓаат во зоната на воено-поморската база Тартус прикажаа дел од своите способности и со висока оцена го положија овој испит.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња