Обелоденети карактеристиките на најновата руска подморница

Подморницата „Краснодар“

Подморницата „Краснодар“

Информативна служба на Министерството за одбрана на РФ/Global Look Press
Најновата руска подморница П-750Б на ненуклеарен погон има уникатен мотор кој не зависи од воздухот. Благодарение на тоа подморницата може да помине под вода 12 дена и ноќи, соопшти водечкиот конструктор на конструкторското биро „Малахит“ Игор Караваев.

„На акумулатори подморницата може да се движи  најмногу три дена, а со помош на моторот кој не зависи од воздухот може да плови 12 дена со брзина од четири јазли во режим на штедење на горивото“, ги пренесува зборовите на Караваев агенцијата РИА „Новости“.

Според него, во текот на тие 12 дена подморницата може цело време да биде под вода. Ќе мора да исплови на површината само заради лоцирање и воспоставување радиоврска.

Според конструкторот, подморницата може да се прави во неколку варијанти – со ударниот систем за специјална намена „Калибар“ и за превоз на командоси, а исто така и како минополагач, и тоа без измена на депласманот.

„Подморницата во својот арсенал може да има торпеда, мини, па дури и крстосувачки ракети „Калибар“ кои се лансираат хоризонтално под површината на водата“, рече Караваев.

„Пирана“ П-750Б со новиот мотор кој не зависи од воздухот првпат беше прикажана во јуни на военопоморската изложба во Санкт Петербург.

Прочитајте повеќе: Русија гради потполно роботизирана подморница со екстремни параметри во далечината на пловење

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња