Моделот на оваа подморница првпат беше покажан на неодамна одржаната военопоморска изложба во Санкт Петербург. Како што за РИА „Новости“ соопшти Игор Караваев, водечкиот конструктор на Конструкторското биро „Малахит“, депласманот на подморницата П-450Б е зголемен за речиси четири пати. Претходната генерација на овие подморници имаше депласман од 370 тони, додека депласманот на новиот модел изнесува 1400 тона. Зголемен е и бројот на членови на посадата – во новата подморница ќе има 18-20 морнари.
Како што објасни Караваев, со анаеробен мотор „Пирана“ може да се наоѓа под вода најмногу 12 дена и да се движи со брзина од четири јазли во режим на штедење на горивото. Покрај тоа, новата подморница е многу тивка.
„Малата подморница може да се прави во неколку варијанти – со ударни ракети „Калибар“, за превоз и истоварање на припадници на подводниот Спецназ и како минополагач, и тоа без измена на депласманот. Конструирана е така што во зависност од поставените задачи може да го менува оружјето што го носи“, додаде главниот конструктор.
Компанијата „Малахит“ чека од Министерството за одбрана на Русија да добие задача поврзана со изработката на техничкиот проект. Доколку биде зададена таа задача, „Пирана“ П-750Б ќе се гради во едно бродоградилиште на северозападот на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче