За ова дискутира британскиот таблоид „Дејли Меил“, кој се обидува да определи која од двете лимузини е подобра.
„Претседателот на САД пристигна со својот „Кадилак“, често нарекуван „Ѕверот“ (The Beast - заб. на прев.), вреден 1,2 милиони евра, кој може да се пофали со камери за ноќно гледање, орудија со солзавец и 20 сантиметри оклоп. Неговите врати тежат колку вратите на авионот „Боинг 757“, а гумите му се непробојни. Во салонот на „Ѕверот“ претседателот има на располагање вграден модерен комуникациски систем со тежина од околу 9 тони“, истакнува изданието, пренесува edaily.com.
Набројувајќи ги предностите на автомобилот на американскиот лидер, изданието истакнува дека неговиот автомобил е опремен со безбеден систем за кислород и резерва со лична крв на претседателот во случај на вонредна состојба. „Ѕверот“ издржува хемиски и биолошки напад, како и оган од куршуми и експлозии, а неговата шасија се опишува како „неуништлива“. Се тврди дека неговите прозорци се дебели 7,6 см, а комбинираниот оклоп од челик и керамика е дебел 20 см.
„Во задниот дел на автомобилот шефот на Белата куќа и уште максимум четворица патници се одвоени од возачот со стаклена преграда. Претседателот на САД е единствениот што може да ја спушти преградата со едно притискање на копче“, посочува таблоидот.
Многу карактеристики на „Ѕверот“ остануваат тајни, но исто така е познато дека неговиот багажник е опремен со систем за гаснење пожар, солзавец и чадна завеса. На задните седишта има сателитски телефон со директна линија до потпретседателот Камала Харис и Пентагон. А резервоарот за гориво на „Ѕверот“ е блиндиран и исполнет со специјална пена која спречува експлозија дури и во случај на директен удар. Шасијата на автомобилот е развиена од „Џенерал моторс“ и е изработена од челик, а каросеријата на автомобилот е мешавина од челик, алуминиум, титаниум и керамика.
„Рускиот претседател исто така може да се пофали со уникатна блиндирана лимузина за која се верува дека може да ја осигури безбедноста на патниците дури и под вода“, пишува „Дејли Меил“. „Aurus (моделот Senat) е репрезентативна класа на руската автомобилска луксузна марка НАМИ (Централен научноистражувачки автомобилски и моторен институт), опремен со 4,4-литарски V8 мотор со 598 коњски сили“.
Senat на рускиот претседател е долг 6,6 м, тежи 6,5 т, опремен е со хибриден погон и 9-степен автоматски менувач кој ја пренесува силата на сите 4 тркала.
„Се соопштува дека НАМИ работи над уште помоќен модел кој ќе може да се пофали со 6,6-литарски мотор V-12 со моќност од 857 коњски сили. Цивилниот модел на Senat, чиј изглед е инспириран од британските седани на „Ролс-Ројс“, е произведен од компанија во која голем удел има државата. Еден од нив чини 18 милиони рубли или 203000 евра“, се вели во статијата.
Во неа се нагласува дека „моделот за Путин е многу поскап, имајќи ги предвид неговата опрема и средствата за безбедност“, но за автомобилот сè уште се знае многу малку.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче