Aurus Senat стана „Автомобил на годината“ во Русија

Global Look Press
Новиот руски луксузен Aurus Senat ја доби наградата „Автомобил на годината“ во Русија, пред „Бентли“ и „Ролс-Ројс“.

Рускиот луксузен автомобил Aurus Senat ја освои руската награда за „Автомобил на годината“ во номинацијата за „Репрезентативна премиум класа“.

Од 1 февруари, во текот на четири месеци, над еден милион Руси ги избираа најдобрите автомобили во 23 класи, како и специјални номинации. Меѓу клучните критериуми беа изгледот на возилата и нивните технички карактеристики.

Во борбата за првото место Aurus ги престигна моделите на автомобили од докажани марки како „Бентли“ и „Ролс-Ројс“, пишува ТВ „Ѕвезда“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња