Путин даде знак за почеток на производството на руски автомобили од премиум класа

Global Look Press
Сериското производство на руските автомобили од премиум класата „Аурус Сенат“ започна денес во фабриката во Елабуга во Татарстан. Претседателот на Русија Владимир Путин преку видеоврска даде знак за почеток на производството.

„Ова е мошне важен настан за руската автомобилска индустрија во целост“, рече шефот на државата. Како што истакна, со серииското производство на „Аурус“ ќе се засили присуството на руски возила на меѓународниот пазар и ќе се даде можност за зголемување на извозот на високотехнолошки производи.

Инаку, во фабриката во Елабуга ќе се составуваат околу 5.000 автомобили годишно.

„Се возам со овој автомобил, а и самиот повеќе пати сум седнал зад неговиот волан. Станува збор за навистина квалитетно возило кое одговара на сите светски стандарди“, нагласи рускиот претседател.

Путин истакна дека околу 70 отсто од испорачаните делови за возилото „Аурус“ е од домашни компании. Отворањето фабрики за нив претставува одлична шанса за освојување нови технологии и за нови нарачки.

Рускиот проект „Кортеж“ (трговски назив „Аурус“) за развој на домашни автомобили од лукс класа започна во 2014 година. Врз база на единствената платформа планирано е производство на седан, на лимузина, на кабриолет, на комби и на теренско возило.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња