Објавена снимка од краш-тест на автомобилот Aurus (ВИДЕО)

Скриншот, телевизиja „Ѕвезда“
Во моментот на сударот, без оглед на големите оштетувања на предниот дел на „Путиновиот автомобил“, куклите останаа на своите места. Исто така, на време се активираа воздушните перничиња така што тестирањето е генерално третирано како успешно спроведено.

Tелевизиската станица „Ѕвезда” објави снимка од краш-тест на автомобилот Аурус.

Седанот е тестиран во центарот за тестирање на федералното државно унитарно претпријатие Научноистражувачки автомобилски и автомото институт (НАМИ). Инженерите осмислија ситуација во која автомобилот со предниот дел удира во бариера при брзина од 64 километри на час. Во внатрешноста на возилото се наоѓаа две кукли кои беа во улогите на возач и совозач.

Во моментот на сударот, без оглед на големите оштетувања на предниот дел на автомобилот, куклите останаа на своите места. Исто така, на време се активираа воздушните перничиња така што тестирањето е генерално третирано како успешно спроведено.

Aurus е комерцијалниот назив за возилата од семејството автомобили од премиум-класата наменети за највисоките државни функционери и настанати врз заедничка модуларна платформа. Семејството вакви автомобили со сочинуваат лимузина, седан, минивен и теренец кој премиерно ќе биде претставен до крајот на оваа година.

Лимузината првпат беше јавно видена во мај 2018 година, кога Владимир Путин во неа се довезе на инаугурацијата во Кремљ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња