Американците направија список на најдобрите пловила на Воената морнарица на Русија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во петте најдобри американските медиуми сместија два крстосувача, две нуклеарни подморници и една корвета.

Американскиот магазин „Национален Интерес“ објави своја ранг-листа на најдобрите руски воени бродови и подморници кои можат да му направат многу проблеми на непријателот.

„Петар Велики“

Најголемиот на светот борбен брод кој не носи авиони е крстосувачот „Петар Велики“. Тоа е главниот брод на руската Северна флота и е наоружан до заби. Има 20 лансери за крстосувачки ракети П-700 „Гранит“, противподморнички ракетни системи, неколку системи за ПВО и десет торпеда од 533 мм. По модернизацијата крстосувачот ќе стане уште посмртоносен - противвоздушниот комплекс С-300 ќе биде заменет со пософистицираната морнаричка верзија С-400Ф, а главното оружје на бродот ќе биде арсеналот од современи крстосувачки ракети - вклучително и хиперсоничната „Циркон“.

„Кнез Владимир“

Во прашање е стратешка ракетна нуклеарна подморница, првата во проектот „Бореј-А“. Овој тип е значително помал од легендарната „Ајкула“ што ја замени, но е побрза и многу подобро вооружена. Нејзините балистички ракети „Булава“ - поморската варијанта на интерконтиненталните балистички ракети „Топол“ која претставува врв на руската ракетна техника.

Воената морнарица ја доби подморницата „Кнез Владимир“ во 2020 година. До 2027 година Министерството за одбрана планира да воведе во експлоатација уште шест бродови од оваа класа.

„Казањ“

Главната нуклеарна подморница на проектот „Јасен-М“ припаѓа на новата генерација повеќенаменски подморници, вооружени со крстосувачки ракети. Поседува импресивен арсенал крстосувачки ракети „Калибар“, „Оникс“ и во иднина „Циркон“, а покрај тоа е и многу тивка и тешко забележлива.

„Маршал Устинов“

Првиот руски ракетен крстосувач од класата „Атлант“ во процесот на модернизација доби дигитална електроника, меѓу другото и нов радар со голем опсег „Фрегата-М“ со активна фазирана антенска решетка, оптимизиран за откривање нисколетечки цели. На бродот долг 186 метри е обновен целиот радиоелектронски систем, вклучувајќи ги и средствата за радиоелектронска борба.

„Маршал Устинов“ има иста намена како и „Петар Велики“, а тоа е борба против непријателски носачи на авиони и групи придружни воени бродови. Главното оружје на крстосувачот се 16 суперсонични крстосувачки ракети П-500 „Базалт“. Воздушниот простор околу бродот го покрива ПВО-системот С-300Ф „Форт“ со арсенал од 64 ракети.

„Гремјашчи“

Руската корвета од новата генерација има осум универзални лансери за крстосувачки ракети „Калибар“ и „Оникс“, а во иднина ќе може да користи и ракети „Циркон“. Бродот е олицетворение на новата военопоморска доктрина на Русија согласно која се создаваат сили за брза реакција во чиј состав има подморници и мали, но добро вооружени бродови.