„Во фазата на распоредување на бродовите екипажите одржаа вежби за совладување на крајбрежни цели на симулираниот непријател со артилериски оган“, се наведува во соопштението на прес-службата на Северната флота.
Во најскоро време припадниците на морнарицата ќе увежбуваат задачи за организирање на заедничко дејствување, проверувајќи ја готовноста на екипажите на дејства при ненадејно појавување на цели и ќе одржат низа вежби на противподморничката и противвоздушната одбрана, додава прес-службата.
„Маршал Устинов“ е ракетен крстосувач од проектот 1164, чија изградба почна на 5 октомври 1978 година во Николаевското бродоградилиште под називот „Адмирал на флота Лобов“. Спуштен е во вода на 25 февруари 1982 година, а во составот на Северната флота влезе на 5 ноември 1986 година.
Депласманот на бродот е 11280 тони, должината му е 186,5 метри, висината 42,5 метри, а брзината 32 јазли.
„Маршал Устинов“ располага со следново вооружување: бродски автоматски топ АК-130, 16 лансери на противбродскиот ракетен систем П-1000 „Вулкан“, 64 лансери на противвоздушниот ракетен систем С-300Ф „Форт“ и противвоздушен систем „Оса-МА“.
Покрај тоа, крстосувачот има два реактивни лансери РБУ-6000 и два петцевни торпедни апарати со калибар 533 милиметра. Во состав на воздухопловната група на „Маршал Устинов“ се наоѓа хеликоптер Ка-27.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче