Повеќенаменскиот ловец-бомбардер Су-34 во процесот на модернизација ќе добие способности на јуришен авион. Ова за ТАСС го соопшти неименуван извор од руската авиоиндустрија. Тој објасни дека унапредената верзија на авионот ќе добие ново вооружување што ќе му овозможи да решава нови борбени задачи.
„Советскиот јуришен авион Су-25 застарува, а нов авион нема. Затоа е донесена одлука овие можности да се реализираат на Су-34М“, објасни тој.
Договорот за производство на 76 модернизирани Су-34 беше потпишан 2019 година. Унапредената верзија ќе добие посовршен радар, нишан и комуникациски систем. Се проширува и неговиот арсенал бомби и ракети. Покрај тоа, ловецот-бомбардер ќе може да користи три унифицирани контејнери за извидување. Тие му овозможуваат на авионот да открива цели во сите временски услови на големи растојанија.