Су-24Р оди во пензија: Неговата функција ќе ја преземат дроновите и модернизираните бомбардери Су-34

Извидувачките модификации на руските беспилотни летала со голем радиус на дејство „Орлан“ и „Алтиус“ ќе почнат да ги заменуваат досегашните извидувачки авиони (модификацијата на бомбардерот Су-24Р) кои се наоѓаа во составот на руското Воено воздухопловство. Покрај овие беспилотни летала, руската армија планира да ги замени овие летала и со повеќенаменски ловци-бомбардери Су-34 опремени со напредни оптоелектронски контејнери „Сич“.

Ова на новинарите во средата, 12 мај, им го соопшти извор од рускиот военоиндустриски комплекс Текстот е објавен во весникот „Известија“ под наслов „Формирање на рој: ескадрили на Воздушно-космичките сили на руската армија преминуваат на беспилотно извидување“, пренесува веб-порталот anna-news.

„Главната одлука за вооружување на извидничките ескадрили во рамките на Воздушно-космичките сили (ВКС) е веќе донесена. Планирано е овие единици да бидат опремени со најновите беспилотни летала со голем дострел. Леталата ќе бидат во состојба да го детектираат непријателот со помош на современи оптоелектронски системи. Покрај тоа, овие беспилотни летала ќе можат да детектираат непријателски единици, како и негови објекти во радарскиот спектар“, се наведува во текстот што го објави овој руски весник.

„Истовремено, руската армија нема намера да се откаже од извидувачките авиони со човечки екипаж. Доколку биде потребно, оваа функција ќе може да ја извршуваат ловците-бомбардери Су-34 кои се модернизирани според проектот „Сич“1, напоменуваат авторите на текстот.

„Орион“ претставува тактичко беспилотно летало со зголемена автономија на летање. Во неговиот состав влегуваат беспилотно летало, систем за автоматско полетување и слетување, копнена станица за наведување и техничките елементи неопходни за негово одржување. Основната единица составена од тактички беспилотни летала „Орион“ се состои од 3-6 апарати, како и два копнени мобилни пункта за нивно управување. Основната задача на оваа единица е изведување најкомплексни форми на извидувачки мисии во оперативна зона кои со својот радиус на дејство ги покриваат овие беспилотни летала.

Леталото е проектирано за операции на патролирање, извидување и следење различни објекти со способности за наведување на огнот (бомбардери, артилерија) и негови корекции. На овој план руските инженери го унапредија постојниот оптоелектронски и навигациски пакет и го направија совршено за вакви задачи. Покрај задачи за откривање, наведување и корекција на огнот, „Орион“ има можност да се пренамени и во ударно беспилотно летало кое ќе може да носи високопрецизно вооружување од класата „воздух-земја“.

Основни тактичко-техничко податоци на беспилотното летало „Орион“:

  • Оперативен радиус: 250 км
  • Носивост на убоен товар: до 200 кг
  • Автономија на лет: 24-30 ч
  • Висина на лет: 7500

Планирано е компанијата „Кронштат“ (развој и сериско производство) да ѝ испорача годинава на руската армија 6-7 комплети беспилотни летала „Орион“ со вкупно 18-21 апарати и десетина командни пунктови за нивно управување.

„Сухој“ Су-34 (рус. Сухой Су-34, НАТО  Fullback) е тактички повеќенаменски ловец-бомбардер. Развиен е во KБ „Сухој“, а сериски се произведува во Новосибирската фабрика за авиони „Валериј Чкалов“. Неговата примарна намена се бомбардерски задачи, при што со употреба на ракети од класата „воздух-земја“ и авиобомби уништува широк спектар на копнени цели. Благодарение на неговата компатибилност со навистина обемната палета на воздухопловно вооружување, овој авион може да се бори против цели како на море, така и во воздухот. Во последно време овој авион е зајакнат со современи системи за електронски пречки, што значително ја отежнува позицијата на противникот во евентуален воздушен судир со овој авион, како и непријателските екипажи на средствата за ПВО. Се одликува со голем долет и носивост на вооружување (8000 кг).

---------------------------------------------------------------------------

¹ Конкретно, во опремата на овие воздухоплови ќе влезе специјална опрема развиена во рамките на проектот „Сич“ (мак. „Був“). Во зависност од видот на задачите за кои се наменети, овие контејнери добија посебни ознаки УКР-ОЭ - за реализација на оптоелектронско извидување, УКР-РЛ - модификација за радарско извидување и УКР-РТ - модификација за радиотехничко извидување. Сите тие користат единствена магистрала на податоци (иста конфигурација со летечка платформа) и можат да се менуваат во зависност од видот на задачата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња