Во Русија се тестира ефективностa на тројна вакцинација против корона со вакцината „ЕпиВакКорона“

Игор Иванко/Агенција „Москва“
Антитела на коронавирус по вакцинација со рускиот препарат „ЕпиВакКорона“ развиваат над 90% од вакцинираните.

Рускиот научен центар за вирологија и биотехнологии „Вектор“ започна со клинички испитувања на тројна вакцинација со вакцината „ЕпиВакКорона“, соопшти шефот на одделението за зоонозни инфекции и грип Александар Рижиков.

„Во тек се клиничките испитувања на првата и втората фаза за воведување на тројна вакцинација со оваа вакцина“, изјави Рижиков, додавајќи дека тројната вакцинација веќе е проверена на животни (мајмуни, хрчки и морски прасиња).

Според него, потврден е ефектот на формирање и времетраењето на имунитетот, пред сé кај приматите, а составот на вакцината притоа не се менува.

Рижиков исто така рече дека по вакцинацијата со рускиот препарат „ЕпиВакКорона“ антитела на коронавирус корона развиваат над 90% од вакцинираните.

„Меѓу волонтерите ги добивме овие бројки и сега спроведуваме случајно истражување меѓу вакцинираните колективи и гледаме дека бројките се значително над 90%“, изјави тој.

Претходно центарот „Вектор“ соопшти дека вакцината „ЕпиВакКорона“ е ефикасна против три соја на коронавирусот. Според резултатите од експерименталната проверка, антителата што се развиваат благодарение на овој препарат дејствуваат против класичниот и против британскиот и јужноафриканскиот сој.

Во Русија се регистрирани три вакцини против COVID-19: „Спутник V“, „ЕпиВакКорона“ и „КовиВак“. „ЕпиВакКорона“ е втора вакцина регистрирана во Русија.

Прочитајте повеќе: Што се знае (и не се знае) за ВТОРАТА руска вакцина против КОВИД-19?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња