Русија има две вакцини: „Епивак“ го зајакнува имуниот систем, а „Спутник“ го поттикнува на реакција

Вакцината против коронавирус „ЕпиВакКорона“ настана во Државниот научен центар за вирологија и биотехнологии „Вектор“ на „Роспотребнадзор“.

Вакцината против коронавирус „ЕпиВакКорона“ настана во Државниот научен центар за вирологија и биотехнологии „Вектор“ на „Роспотребнадзор“.

Sputnik
Во Русија на 14 октомври 2020 година беше регистрирана и втората вакцина против коронавирус. Се вика „ЕпиВакКорона“.

Ова го соопшти рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со членовите на владата.

„Би сакал да почнам од убавите вести. Новосибирскиот центар „Вектор“ [Државен научен центар за вирологија и биотехнологии] денеска ја регистрираше втората руска вакцина против коронавирус „ЕпиВакКорона“, изјави Путин.

Вакцина против новата коронавирусна инфекција (COVID-19) првпат во светот беше регистрирана во Русија на 11 август.

Потпретседателот на владата на РФ Татјана Голикова прецизираше дека оваа втора вакцина се разликува од првата, т.е. од „Спутник V“, која  беше регистрирана во август 2020 година. Во создавањето на првата вакцина е искористен вирусот-носител кој ја доставува во човековиот организам генетската информација за коронавирусот и предизвикува во него одговор на имуниот систем. Таквата вакцина се вика векторска.

Повеќе околу тоа: Што се знае за првата регистрирана вакцина за КОВИД-19

„ЕпиВакКорона“ не содржи вирус-носител, туку вештачки споени кратки фрагменти на вирусни протеини и пептиди, преку кои „имуниот систем се обучува и потоа го препознава и неутрализира вирусот“, објасни Голикова.

Вакцината пред регистрацијата помина две фази клинички испитувања, објасни генералниот директор на „Вектор“ Ринат Максјутов. Во првото испитување учествуваа 14 доброволци кои знаеја каков препарат примаат. Во втората фаза учествуваа 86 лица, од тоа 43 примија вакцина „ЕпиВакКорона“, а другите 43 плацебо.

„Сите учесници во испитувањето се чувствуваат добро. Кај две лица по 24 часа се појави помала и краткотрајна болка на местото на убодот. Реакцијата е очекувана затоа што вакцината содржи алуминиум-хидроксид“, рече Максјутов.

Доброволци учествуваат во тестирањето на вакцината.

Вакцината треба да се појави во продажба од 1 јануари 2021 година, по третиот круг испитувања, се соопштува на сајтот на Државниот регистар на лековити средства.

Во првата фаза на испитувања е и третата руска вакцина, која е создадена во Центарот за истражувања и развој на имунобиолошки препарати „Чумаков“ при Руската академија на науки. Според Ајдар Ишмухаметов, генералниот директор на овој научен центар, таа вакцина потенцијално може да обезбеди имунитет од Covid-19 кој ќе трае со децении.

Прочитајте повеќе: Русија нема една, ами неколку вакцини за КОВИД-19! Во што е разликата и дали се безбедни?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња