Руската вакцина „ЕпиВакКорона“ е ефикасна во 94 отсто случаи кај луѓето постари од 60 години

Global Look Press
Луѓето кои ќе се разболат од корона и по вакцинацијата не умираат, а после неа имунитетот трае до една година.

„Примената на вакцината создава ефикасни антитела во 94 отсто случаи. Во секој случај штити од тешки облици на инфекција“, изјави раководителот на Екатеринбуршкиот научно-истражувачки центар за вирусни инфекции „Вектор“ Александар Семјонов за радиото „Вести ФМ“.

Луѓето кои ќе се разболат од корона и по вакцинацијата не умираат, а после неа имунитетот трае до една година, истакна Семјонов.

Во овој момент завршува третата фаза на тестирањето во осум центри ширум цела Русија. Семјонов соопшти дека производството на „ЕпиВакКорона“ во април ќе достигне 1,5 милиони дози, а во мај 3 милиони дози, а од јуни ќе се произведуваат 5 милиони дози месечно.

Руските научници нагласуваат дека оваа вакцина е ефикасна против сите познати соеви на коронавирусот, вклучувајќи ги британскиот, јужноамериканскиот и јужноафриканскиот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња