Автономен лансирен уред 15У175М на ракетниот комплекс РС-24 „Јарс“.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netПреку 12500 луѓе во придружба на 190 единици воена техника ќе поминат на 9 мај по улиците во центарот на Москва и Црвениот плоштад. Русија ја одбележува 76-та годишнина од завршувањето на Големата татковинска војна.
Оваа година низ градот ќе продефилираат и над него ќе прелетаат 35 видови борбени машини. Парадата ја отвора легендарниот Т-34 кој направи пресврт во Втората светска војна. Овие ретро тенкови, целосно исправни, можете да ги видите (па дури и да се повозите во еден од нив) во паркот „Патриот“ во Подмосковје, што границите бидат повторно отворени.
Тенк Т-34-85
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netВеднаш по нив присутните на московските улици ќе ја видат најновата техника што ја доби армијата, на пример, оклопните транспортери „Бумеранг“ и оклопните борбени возила „Тајфун“.
БМП-К К-17 ВПК-7829 „Бумеранг“
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netОвие челични аждери ќе ги следат лесно оклопни борбени возила на пешадијата БМП-2 и БМП-3.
Руско борбено возило на пешадијата БМП-3.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netПотоа ќе настапат најмоќните руски интерконтинентални балистички ракетни комплекси „Јарс“.
Автономен лансирен уред 15У175М на ракетниот комплекс РС-24 „Јарс“.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netСе претпоставуваше дека на Парадата во 2021 година Русија ќе може да го претстави системот С-500 „Прометеј“ (овде дознајте сé што треба да знаете за овие чудовишта) но се покажа дека гласовите се вистините – претставувањето на овие системи се одложува за следната година.
Борбено возило БМ-1 на тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-1А „Сонцепјок“.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netИ овој пат, како и пред многу години, на улиците ќе се појават противракетни воздухопловни системи С-400 и ракетни системи „Искандер-М“ и ТОС-1 наместо С-500.
Специфика на воздухопловниот дел на парадата годинава ќе биде летот на стратешки ракетоносец Ту-160 во придружба на авиони Су-35С од Центарот за демонстрација на воздухопловна техника.
Воздушниот дел на парадата годинава ќе го отворат три тешки транспортни хеликоптери Ми-26. Тие исто така настапуваат првпат. По нив ќе летаат транспортно-борбени хеликоптери Ми-8, јуришни хеликоптери Ми-35, Ка-52 и пилотската група „Беркут“ со хеликоптери Ми-28Н.
Во летот над Москва ќе учествуваат и стратешки ракетоносци Ту-160 и Ту-95МС, авио-танкери Ил-78, военотранспортни авиони Ил-76, ловци Су-35С, бомбардери Су-34, Су-24М и други авиони.
Парадата ќе биде завршена со лет на авиони МиГ-31К и Су-57 и три групи авиони од Центарот за воздухопловна и оперативна развојна обука во Липецк, како и на групите за акробатски летови „Руски витези“ и „Стрижи“.
Су-57 / Т-50 ПАК ФА
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.net
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче