Илјадници војници и авијација: објавени атрактивни снимки од подготовките за Парадата на Победата

Воен полигон Алабино, Подмосковје.

Воен полигон Алабино, Подмосковје.

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
На чело на Парадата на 9 мај ќе биде легендарниот тенк Т-34, а современата линија тенкови ќе ја претставуваат Т-72, Т-80 и Т-90М „Пробој“.

На подмосковскиот полигон Алабино се вежбаше парадирање на војниците, екипажите на техниката и авијацијата. Сите тие на 9 мај ќе земат учество во Парадата на Црвениот плоштад во Москва.

Во пешадиската колона се офицери и војници, питомци на образовните установи на Министерството за одбрана на РФ, како и Суворовци, Нахимовци, кадети и припадници на младинската организација „Јунармија“. Во моторизираната колона ќе поминат речиси 200 единици техника, меѓу другото и историски примероци.

Парадата ја предводи легендарниот тенк Т-34, а современата линија тенкови ќе ја претставуваат Т-72, Т-80 и Т-90М „Пробој“. На гледачите ќе им биде демонстриран и противвоздушниот ракетен систем С-400, како и системите „Искандер-М“, „Панцир-С“ и многу други.

Воен полигон Алабино, Подмосковје.

Од аеродромот Кубинка полетаа учесниците во воздушната парада. Можностите на ловците Су-30СМ и МиГ-29 и својата вештина ја демонстрираа пилотите на групите за акробатски летови „Руски витези“ и „Стрижи“.

Во формација летаа и хеликоптерите Ми-28Н на пилотската група „Беркути“, стратешки ракетоносни бомбардери, военотранспортни авиони и друга воздухопловна техника. На пилотите име е доверена задачата ефектно да ја завршат Парадата на Победата. Во финалната сцена тие ќе го обојат небото во боите на руското знаме.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња