Кремљ потврди дека на 9 мај во Москва ќе се одржи Парадата на Победата

AFP
Парадата по повод одбележувањето на годишнината од Победата во Втората светска војна годинава сигурно ќе биде одржана, епидемиолошката ситуација ни влева претпазлив оптимизам, изјави прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

„Парадата ќе биде одржана, тоа е сигурно. Знаете дека веќе беа дадени изјави за тоа дека и Бесмртниот полк ќе биде одржан“, рече Песков, пренесува РИА „Новости“.

На прашањето дали изјавата се однесува на Парадата на Победата, портпаролот на Кремљ одговори потврдно.

„Се разбира, сега треба да се повикаме на нашите санитарни органи, динамиката засега е позитивна, тоа можеме да го констатираме со претпазлив оптимизам“, рече Песков.

Прес-службата на Западниот воен округ соопшти дека припадниците на војската кои ќе учествуваат во Парадата на победата ќе почнат со тренинзите во април.

„Веќе во април војниците (возачите на колоната со техника – заб. на уред.) ќе почнат со првите тренинзи, во текот на кои ќе биде увежбувано движење со брзина од 5 до 30 км/ч, свртување, движење во колона и во строј“, се наведува во соопштението.

Исто така се наведува дека на подмосковскиот полигон Алабино веќе пристигнале преку 150 единици воена техника. Во составот на моторизираната колона ќе учествуваат тенкови Т-34, Т-72Б3, Т-90М, Т-14, борбени возила за поддршка на тенкови БМПТ, повеќецевни ракетни фрлачи „Сонцепјок“, оперативно-тактички ракетни системи „Искандер“, самоодни противвоздушни ракетно-топовски системи „Панцир“, противвоздушни ракетни системи „Бук“, возила за тешко проодни терени „Тајфун“.

Сите возачи примија вакцина „Спутник V“. Во текот на подготовката за Парадата тие ќе поминат околу илјада километри.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња